Иванов ја поништи аболицијата, но само за 22 политичари

За разлика од 12-ти април, денеска имаме нова реалност во Македонија, во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците од мигрантската криза, особено во пресрет на најавите за новиот бран бегалци и мигранти, изјави Претседателот Ѓорге Иванов и ги поништи аболициите на политички активните лица, односно за вкупно 22 лица.

Сите останати ќе имаат можност, во согласност со Законот за аболиција, да поднесат поединечни барања за поништување на аболицијата.

„На 12-ти ти април донесов одлука за помилување - ослободување од гонење без спроведување на постапка, за поголем број лица, согласно Уставот и Законот за помилување.  Одлука за која, како тогаш, така и сега сметам дека ја донесов исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија. Многумина, за жал, не ја разбраа оваа идеја, или можеби не сакаа да ја разберат. Дебатите и во домашната и во меѓународната јавност отидоа во друг правец. Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите, дека сум креирал селективна правда, дека политичарите се над законите. Најсовесно изјавувам дека немав таква намера“, рече Иванов, во обраќањето до нацијата.

Според него, за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија.

„Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците од мигрантската криза, особено во пресрет на најавите за новиот бран на бегалци и мигранти“, додава Иванов.

„Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките, и без помилуваните лица да го побараат тоа од мене. Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување - ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност  да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот.

Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки.

Сакам да потенцирам дека искрено верував и сѐ уште верувам дека одлуката за помилување беше најдобрата можност за излез од политичката криза“, рече Иванов.

Порача дека како и досега, така и во иднина, секогаш е подготвен да помогне за надминување на кризата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе