IS ја презема одговорноста за нападот од Орландо, FBI потврди дека во 2013-та го регистрирала напаѓачот

Џихадистичката сунитска организација Исламска држава (IS) ја презема во неделата вечерта одговорноста за нападот врз ноќниот клуб во Орландо, во сојузната американска држава Флорида, во кој се убиени најмалку 50 беа луѓе и 53 се ранети, а истовремено Федералното биро за истраги (FBI) потврди дека осомничениот Американец со авганистанско потекло Омар Матин уште во 2013 година го привлекол вниманието на безбедносните служби.

„Вооружениот напад врз ноќниот геј клуб во градот Орландо, во американската сојузна држава Флорида, во кој се убиени или ранети повеќе од сто луѓе, е извршен од борец на Исламската држава“, ги цитира Reuters извештајот на агенцијата Aamaq која се смета за тесно поврзана со џихадистичката групација.

Претходно фотографијата на осомничениот за масакрот во Орландо, Омар Матин, беше објавена на акаунт на Twitter кој е поврзан со Исламската држава со кусата објава „Човекот кој го изврши нападот врз ноќниот клуб на Флорида, во кој се убиени 50 и ранети десетици“.

Малку пред објавата на џихадистите со преземање на одговорноста за инцидентот кој американските власти го квалификуваа како терористички чин, детективот на FBI Роналд Хопер на брифинг со новинарите потврди дека Бирото го регистрирало Матин првпат во 2013 година.

Истакна дека во тој период FBI ги проверувало изјавите на сведоци во врска со Матин, го снимало осомничениот и двапати бил повикан на испрашување. Тогаш не можело да се утврди негова поврзаност со терористички групи, и истрагата била затворена. Хопер додаде дека Матин по вторпат бил проверуван во врска со американскиот бомбаш самоубиец Абу Салах. Тогаш со него исто така разговарале агенти на FBI, но заклучиле дека тој не претставува никаква закана.

Хопер потврди дека 29-годишниот американски државјанин Омар Матин е роден во Њујорк, но додаде дека FBI засега нема сознанија дали тој имал соучесници во нападот во клубот во Орландо.

„Во моментов немаме втор осомничен, по кого би трагале. Немаме информации за никакви потврдени закани во областа на Орландо или во земјата“, рече Хопер.

Матин официјално го купил оружјето со кое го извршил нападот,соопшти на прес-конференцијата на Флорида портпаролот на американското Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозивни средства (ATF).

„ATF го следеше тоа огнено оружје. Знаеме дека тоа лица купило најмалку две парчиња огнено оружје. Тоа не се наоѓа под забрана, и оттаму слободно и легално може да влезе во продавница и да се снабди со огнено оружје“, изјави потпаролот Тревор Велинор.

Според него, осомничениот ги купил автоматската пушка и пиштолот, кои полицијата ги пронајде крај неговото тело во клубот по престрелката, „последнава седмица, или тука некаде“. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе