Јанкулоска: Спокојна сум, немам направено кривично дело

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по тричасовен распит во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Тврдина“ изјави дека е сосема спокојна и дека не направила ниедно кривично дело.

Јанкулоска не одговори конкретно на новинарските прашања за прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, ниту конкретно за уништувањето на опремата за прислушување во времето додека таа беше министерка за внатрешни работи, случај за кој беше на распит во судот.

Специјалното јавно обвинителство за овој случај бара да ѝ се определат мерки за претпазливост на Јанкулоска и на уште тројца осомничени, а за првоосомничениот, началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, кој треба да се појави на распит во судот во 14 часот, СЈО бара притвор.

Јанкулоска, како и минатиот пат, повтори дека не се чувствува виновна и го обвини СЈО дека води политичка пресметка во име на опозициската СДСМ, со нивните неистомисленици на кои им се ставаат на товар конструирани случаи.

Според Јанкулоска, фактот што денеска обвинителите од СЈО побарале изземање на судијката од овој случај поради политички причини е потврда дека ова обвинителство работи под диктат на СДСМ за политички поени во јавноста.

Таа изјави дека за тврдењата на СЈО нема никакви докази и дека сите обвинувања се политичка конструкција, а не правна аргументација.

За уништувањето на опремата Јанкулоска не одговори конкретно, туку рече дека управувањето со таа опрема биле оперативно-техничко и тактички активности, кои ги воделе професионални лица и, според неа, би било неумесно таа да го коментира тоа од сегашна позиција, иако таа беше одговорен министер во тоа време.

„Изминатите девет години работев совесно и чесно според законите. Сосема сум спокојна и немам направено никакво кривично дело“, рече Јанкулоска.

Прислушуваните разговори коишто ги објави опзоицијата, а на кои се слуша какао Јанкулоска вели дека Министерството за внатрешни работи функционирало како штаб на ВМРО-ДПМНЕ, според Јанкулоска се сечени, монтирани и ставени во контекст којшто му одговара на лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„Но, народот е мудар и знае кој што сработил“, рече Јанкулоска.

Распитот за овој случај продолжува и се очекува одлуката на судијата, односно дали ќе се одредат мерки за претпазливост за Јанкулоска или притвор за Грујевски.

Кривичниот совет минатата недела ги укина решенијата на судијата на претходна постапка кој ги оцени како неосновани предлозите на СЈО за определување на мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, и мерките за претпазливост за останатите четворица осомничени

и дополнително ја оспори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за предметот за уништувањето на опремата за прислушување.

Грујевски, пред одлуката за аболиција од страна на Претседателот Ѓорге Иванов, помина неколку дена во притвор, но потоа ова мерка му беше заменета со куќен притвор. По одлуката за аболиција тој беше ослободен, но по поништувањето на истата случајот „Тврдина“ повторно влезе во судска процедура.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе