НБА 2022/2023

Јокиќ во последната секунда донесе победа, Леброн надмина 38.000 поени

Српскиот центар Никола Јокиќ имаше одлична вечер во НБА ноќеска носејќи му победа на својот тим, додека Леброн Џејмс стана втор играч во НБА историјата кој ја надмина границата од 38 илјади поени во кариерата.

Денвер Нагетс го совлада Орландо Меџик со 119:116, а Јокиќ ги постигна решавачките поени во последната секунда.

Резултатот на семафорот гласеше 116:116, па Јокиќ реши да го заврши дуелот со удар за 3 поени, и успеа во тоа, за големо славје на домашните навивачи.

URL

Српскиот центар натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок. Уфрли 17 поени со 10 скока и 14 асистенции.

Remote video URL

Одличен индивидуален настап имаше и Леброн Џејмс, но неговиот Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен загуби од Филаделфија 76ерс со тесни 113:112.

Леброн постигна 35 поени со 8 скока и 10 асистенции, со што стана само вториот играч во историјата на НБА кој ја надминал границата од 38.000 поени.

Remote video URL

Пред него на вечната листа е само Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени, а доколку Леброн остане здрав, нема сомнеж дека наскоро ќе го престигне и него и ќе стане најдобар стрелец во историјата на НБА.

URL

Резултати:

Детроит Нагетс - Њујорк Никс 104:117
Лос Анџелес Клиперс - Хјустон Рокитс 121:100
Бруклин Нетс - Оклахома Сити Тандер 102:112
Сан Антонио Спарс - Сакраменто Кингс 119:132
Портланд Треил Блејзерс - Далас Маверикс 140:123

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе