Јужноафриканската Република ја легализираше употребата на канабис

Највисокиот суд во Јужноафриканската република, ја легализираше употребата на канабис за возрасни лица на приватен имот.

Кога уставниот суд го одобри овој закон, активистите кои се залагаа за него, својата радост ја изразија пеејќи ја песната „Weed are free now“, пишува „BBC“.

Се почна кога тројца консуматори беа уапсени поради употреба на марихуана, па тогаш истакнаа дека забраната претставува ограничување на слободата на нивниот избор и навлегува во приватниот живот.

„Ако некоја возрасна личност користи или одгледува марихуана за приватни цели, тоа нема да биде земено како прекршок“, стои во одлуката на судот.

Меѓутоа, она што е незаконски е користењето на канабис во јавност, односно негова продажба.

Оваа пресуда е само еден потсетник за тоа дека уставот на Јужноафриканската Република е еден од најлибералните во светот, односно дека се бори за еднакви права на сите, во овој случај за право на одгледување и пушење на сопствена марихуана.

Некои од државите кои исто така го легализираа канабисот се и Холандија, Португалија, Чешка, Аргентина, а во Северна Кореја оваа билка не се смета за дрога, додека од друга страна пак, во Кина, Египет, Франција, Индонезија, Јапонија, Малезија, Нигерија, Норвешка, Филипините, Полска, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Тајланд, Турција, Украина, Обединетите Емирати и Виетнам, употребата на канабис е строго забранета и се казнува со закон.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе