Како Citroen ја замислувал aвтомобилската иднина во 1980 година?

Францускиот производител е познат по своите напредни технолошки иновации во минатото, но и по авангардниот дизајн на возилата. Еден од автомобилите кои придонесоа за ваквата репутација е и концептот Citroen Karin од 1980 година.

Citroen Karin бил претставен на автомобилскиот саем во Париз во 1980 година и е добар пример што се способни да направат автомобилските дизајнери кога ќе им се даде целосна слобода. Концептот имал футуристички дизајн кој тогашната публика ја восхитил.

За изгледот на автомобилот кој е обликуван во форма на пирамида, одговорен бил некогашниот шеф на дизајн во Citroen, Тревор Фиоре. Доколку не се земат во предвид страничните стакла, автомобилот имал една од најмалите кровни површини во историјата на автомобилите - отприлика колку А3 формат.

Од врвот на кровот, кон сите четири страни, се простирале огромни стаклени површини, а вратите се отворале нагоре. 

Позицијата на возачот е во средина, а од левата и десната страна има место за уште двајца патници чии седишта се поместени малку наназад.

Денешната концепција на екран за мултимедијален систем на кој се сместени повеќето функции и команди, во тоа време бил далечна иднина, но Citroen имал слична идеја сите команди и копчиња да ги групира што поблиску до управувачот, за да бидат на дофат на рака на возачот.

Некои од копчињата се поставени на самиот волан, што асоцира на денешните мултифункционални управувачи. Зачетокот на мултимедијалниот дисплеј претставува малиот екран кој е поставен пред возачот наместо класичните инструменти.

Иако Citroen често знае да изненади со необично дизајнирани сериски модели, Karin отпочеток бил замислен исклучиво како дизајнерска студија, па треба да се набљудува и анализира исклучиво низ таа призма.

реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе