Солта која се фрла на патишата и улиците остава неубави траги на обувките и може да ги оштети вашите омилени кондури или чизми. Сепак постои едноставно решение за овој проблем.
она што треба да го направите е да измешате лана вода и алкохолен оцет во еднакви количини. Потоа треба да земете фина крпа од памук и лесно да ги пребришете местата каде што солта оставила траги.
За некои типови кондури кои се направени од понежни материјали, прво тестирајте како ќе реагира материјалот, а ако не создава нови флеки, продолжете со памук или пак со мека четка за заби.