Експеримент што се претвори во мејнстрим

Kако изгледа денес првата „зелена“ зграда во Европа?

Ако некогаш сте се прашале кој прв се охрабрил да изгради „зелена“ зграда, односно зграда со интегрирана градина, какви што никнуваат денес во многу европски градови - тоа биле шпанските архитекти Тус и Фаргас. Оваа уникатна градба сè уште е достојна за восхит.

Во срцето на Барселона, град познат по своите архитектонски чуда, „израсна“ зграда со фасада покриена со разни растенија, но буквално порасна за тоа време, вистинско чудо. Тогаш тоа беше иновација, комбинација на градежна и еколошка свест, а беше дизајнирана од двајца шпански архитекти, Тус и Фаргас. Како таква, таа беше меѓу пионерите на зелената градба и пример дека урбаните градски градини навистина може да оживеат.

Нов пристап кон урбаниот дизајн

Зградата беше финансирана од Banka Catalana, а Тус и Фаргас, користејќи го своето искуство со модуларна градба, претставија револуционерен концепт – фасадна зелена завеса. Тус и Фаргас се сметаат за визионери, бидејќи пред повеќе од 40 години тие се осмелија да експериментираат, што денес стана мејнстрим на градежништвото во многу градови. Во оваа зграда денес се наоѓа Editorial Planeta, позната шпанска издавачка куќа, а надворешните балкони на оваа уникатна зграда сè уште се покриени со многу растенија, грмушки и дрвја. Се проценува дека, доколку сите растенија се наредени во една линија, таа би била долга речиси четири километри.

Интеграција на вегетацијата во архитектурата

Концептот за интегрирање на вегетацијата во градежништвото беше релативно нов во 70-тите, а архитектите пронајдоа инспирација во дрвените засолништа изградени низ историјата во Северна Европа и Исланд, каде што растителната покривка служеше како топлинска изолација. Дизајнот на Тус и Фаргас го донесе овој концепт во модерното време, демонстрирајќи ги естетските, еколошките и климатските придобивки од инкорпорирањето на зеленилото во урбаните структури.

Надворешната зелена завеса не само што го подобри визуелниот изглед на зградата, туку придонесе и за нејзината енергетска ефикасност, обезбедувајќи природна изолација и намалувајќи го ефектот на урбаниот топлински остров.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Miguel Martinez (@sup3rnice)

Наследство на еколошка чувствителност

Денес, водено од напредокот на технологијата и зголемениот акцент на одржливиот урбан развој, вклучувањето на зелени фасади и вертикални градини станува се почеста појава. Дизајнот на зградата, со акцент на еколошките принципи и интеграцијата на зелените површини, го отвори патот за нова генерација архитекти посветени на создавање одржливи и живи урбани средини. Додека градовите ширум светот се соочуваат со предизвиците на климатските промени и урбанизацијата, пионерската работа на Тус и Фаргас во Барселона останува светилник на иновативна и еколошки одговорна архитектура.

реклама

Архитектура

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе