Како министерката за култура ги оправда резултатите од годишниот Конкурс?

Буџетот на Министерството за култура е намален во однос на минатата година. Вкупниот буџет за поддршка на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година е 20 отсто од целиот буџет, информираше денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Сепак, како што изјави министерката по брифингот со медиумите, Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет.

-Никогаш нема да имаме доволно пари во културата, доколку и цел буџет го искористиме само за овие проекти и тоа ќе биде малку. Јас сето тоа го разбирам, но сметам дека Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет, рече Костадиновска-Стојчевска.

Додаде дека минатата година буџетот на Министерството за култура изнесувал 4,6 милијарди денари, а оваа година е 3,7 милиони денари.

-Согласно овој буџет, според тоа што ние го имаме како должност кон националните установи, предвидени се 12,6 милиони евра за програмите, 21,3 отсто за националните установи и остатокот е за одделот на Министерството за култура, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Партиска припадност никогаш не била и нема да е критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Никогаш повеќе ова Министерство нема да одлучува по партиски клуч, онака како што беше до пред неколку години, како што сите паметиме дека тоа се случуваше, додаде Костадиновска-Стојчевска по брифингот со медиумите.

Според неа, секој квалитетен проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи.

- Никогаш да не се гледа на индивидуалност, да не се гледа на партиска припадност, како што сум сигурна дека тоа комисиите ниту за овој повик не го правеа, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Во однос на издавачите, министерката за култура потенцира дека тече времето за поднесување жалби. Рокот за поднесување жалби е 15 дена.

- Ги повикувам сите кои сметаат дека на кој било начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби, рече министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.

Изминатиот период имаше реакции во однос на конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе