Како најдобро се замрзнува сезонски зеленчук?
За да ги искористите максимално хранливите состојки и витамините од зеленчукот, треба да внимавате како го пакувате и чувате.
Моркови, грашок и карфиол се зеленчуци што често ги користиме за разни јадења, но не може секогаш да ги најдеме свежи. Затоа е многу важно правилно да го замрзнете сезонскиот зеленчук за да го зачувате во „најдобра форма“ и да го користите по потреба.