Ливерпул вечерва славеше против Манчестер Сити со 3:1, на големото дерби во англиската Премиер лига.
Многумина ќе го паметат овој натпревар на „Енфилд“ по судиските одлуки, а како продолжение на тоа – реакциите на Пеп Гвардиола кој вриеше покрај аут-линијата.
Ливерпул имаат девет бода предност со оваа победа, но иако беше заслужена, со оглед на доминацијата на теренот и успешноста на акциите, неоспорно е дека Сити беа повеќе од оштетени од судиските одлуки.
Пеп не им остана должен на судиите, па по завршувањето на мечот отиде да се поздрави со ироничните зборови: „Фала ви многу. Многу.“
Тролање на годината.