Чек дис аут

Како правилно се изговара зборот GIF?

13. август 2019 - 11:33 | М.С.

Иако „таткото“ на GIF објасни како правилно се изговара неговиот изум, овој збор и ден-денес погрешно се изговара.

На наградата Webby Awards 2013 година, Стив Вилхајт дал интервју за New York Times изјавувајќи нешто што со години предизвикува расправии на Twitter.

Вилхајт ја доби наградата за животно достигнување, тој е горд затоа што го измислил GIF-от, но го нервира фактот што многумина неговиот изум го изговараат погрешно.

 

 

„Oxford English Dictionary“ ги прифаќа и двата изговори, но не се во право. Меко „г“ е на почетокот од зборот. Крај на приказната“, изјавил тој.

GIF е кратенка за Graphics Interchange Format, измислен е во 1987 година а во тек на годината станал многу популарен. 

Дали и кога (нема) да почнеме да го изговараме џиф  наместо гиф? 

Коментирај