Како различните народи го слават Божик на 7 јануари?

Дали знаевте кои сѐ, покрај православните Македонци, го слават раѓањето на Исус Христос на почетокот на јануари и како слават овие народи? Еве како верниците го очекуваат Божик ширум светот...

Литургија во Етиопија

Најрадосниот христијански празник се слави според Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар, односно на 25 декември и 7 јануари. Бројот на земји каде Божик (или Божиќ?) се слави во првиот месец од годината не е голем, но тие сепак ги негуваат обичаите на своите предци и со нетрпение го очекуваат овој посебен ден.

Сите ги знаеме обичаите кои преживеале кај нас, а знаете ли кои ритуали и традиции ги негуваат христијаните ширум планетата кои исто така го слават овој празник во јануари?

Ви претставуваме пет од најинтересните...

Грузија

Грузијците кои го слават Божик на 7 јануари одат на овој ден во Алило, масовна прошетка низ улиците, каде што се облечени во посебна празнична облека. Воедно, си го честитаат празникот, а на најмладите им подаруваат слатки.

Новогодишната елка (Чичалаки) е изработена од мек материјал, а нејзините гранки се свиткани. Понекогаш, наместо неа може да се види гранка од лешник во облик на Дрвото на животот и украсена со слатки и овошје. Сепак, елката од Западот е сè попопуларна и во оваа кавкаска земја.

Дедо Мраз во Грузија е познат како Товлис папа (Товлис бабуа во запдните краишта на земјата), што буквално значи „дедо снег“. Најчесто е претставен со долга бела брада, облечен во народната носија чоху и крзнена наметка.

Египет

Околу 15% од населението на оваа африканска земја се христијани, а најголем дел од ова население припаѓа на Коптите, кои го слават Божик во јануари.

Месецот пред Божик Коптите го нарекуваат Киахк, а секоја сабота навечер од овој месец се поминува во песна, додека секоја недела наутро верниците одат на богослужба.

Од 25 ноември до 6 јануари овие христијани постат, што значи воздржување од храна од животинско потекло. Потоа, на Бадник се собираат во храмовите, каде ја слушаат литургијата, а следниот ден го слават најрадосниот христијански празник.

Како и кај повеќето други народи кои го слават овој празник, тој кај Коптите е ден на радост и љубов, дружење и почит, па верниците се собираат во нивните домови за заедно да го прослават. На домаќините често им подаруваат колачиња кахк (كحك).

Дедо Мраз си го нашол своето место и во оваа средина - познат е како Баба Ноел (Татко Божик), а децата веруваат дека влегува низ прозорецот додека спијат и им остава подароци. За возврат, малите му оставаат кахк.

Русија

Руските православни верници редовно се молат 39 дена пред Божик - до вечерта на 6 јануари, кога почнуваат свечените литургии. Следниот ден, на празникот, семејството се собира околу трпезата, на која има 12 видови храна, во чест на дванаесетте апостоли.

Русите Баднакот го нарекуваат Сочељник (Сочельник), по зборот „сочиво“ (леќа), јадење кое е задолжителен дел од празничниот ручек.

Овој ден е резервиран за љубовта, па на сите драги луѓе во Русија им се честита Божик, а вратите на домовите се отвораат за да можат минувачите да им се придружат на верниците на ручек.

Етиопија

Прославата на Божик во етиопската православна црква Тевахедо се нарекува Гана, а му претходи ден на пост (во случајот на многу верници тоа значи целосно воздржување од храна). На Божик христијаните носат бела облека, а многумина избираат да носат традиционална наметка шама, направена од памук и украсена со светли пруги на краевите.

Одбележувањето на Гана во Етиопија започнува во 4 часот наутро, а по овие веселби следи машка игра слична на хокеј, наречена исто така гана, која вклучува употреба на стап и дрвена топка.

Дванаесет дена по Божик, верниците ја започнуваат тридневната прослава на Тимкат, со која се одбележува крштевањето на Исус. Важен дел од оваа прослава е молитвата за време на богослужбата во храмовите, кога возрасните повторно ги облекуваат шамите, а децата облеката од своите црковните друштва и круни.

Украина

Кога децата ќе ја видат источната ѕвезда на небото, која ги потсетува верниците на Тројцата мудреци, Светата вечера започнува во домовите на Украина. Пченицата се внесува во домовите, што е стар обичај наречен дидух (дідух - дедов дух), кој поддржува поистоветување со предците.

Откако сите во домот ќе се помолат, домаќинот вели „Христос се роди“, на што семејството одговара „Да го славиме“. Следува оброкот, чии незаменливи делови се боршот, квадратна кутија домашен пудинг, млеко, кнедли со печурки или зелка и компири...

По вечерата, време е за Божикни песни, а следните седум дена верниците уживаат во деновите на празнување.

Од 2017 година владата на Украина го прогласи славењето на Божик на 25 декември, но Православната црква и Украинската гркокатоличка црква и натаму го слават на 7 јануари, а во тек се разговори во Украинската православна црква за преместување на празникот од 7 јануари на 25 декември. На 18 октомври 2022 година Украинската православна црква им дозволи на свештениците да вршат литургија и на 25 декември.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе