Како златен партнер на овогодинешните e-commerce награди и пионер во дигиталните процеси, наша обврска е да продолжиме да ги поместуваме границите на е-трговијата

Во улога на општествено-одговорна компанија и лидер на финтек пазарот во дигитална трансформација, Иуте ја имаше честа да биде златен партнер на овогодинешните е-commerce награди, кои вчеравечер на едно место ги собраа сите истомисленици, претставници на компании и прогресивни размислувачи, кои исто како и Иуте веруваат дека ова е дефинитивно година на е-трговијата.

Од друга страна пак, по настанот, останува уште поголема обврска и детерминираност да се работи уште поинтензивно на развојот на е-бизнисите и процесите, но и на едукацијата, доближувајќи ги што е можно поблиску до сите наши граѓани, преку објаснување на придобивките, бенефицитиите, олеснувањата и безбедносните аспекти.

Со мрежа од над 100 е-продавници, Иуте веќе станува прв избор на купувачите, од аспект на доверба, лојалност, безбедност и модел кој овозможува планирање на буџетот онака како што ним им одговара. Иновативниот и револуционерен модел „Купи сега, плати подоцна“ од ден на ден станува сѐ повеќе прифатен и од компаниите и од купувачите.

„Успеавме да доближиме до пазарот и граѓаните еден иновативен начин на плаќање, кој од корен го менува македонскиот пазар, a успехот е заеднички. Притоа црпиме искуство од Естонска групација која е дигитално најнапредна земја во Европа, но тие дигитални трендови ги адаптираме на локалните потреби и барања на нашите клиенти“, велат од Иуте.

„Како златен партнер и општествено-одговорна компанија, стоиме цврсто покрај членовите и заложбите на асоцијацијата и ќе продолжиме да придонесуваме кон развој на бизнисите и е-трговијата во нашата држава. Во улога на лидер на пазарот и пионер во дигиталните процеси на пазарот, на овој начин оддаваме признание на најдобрите во оваа категорија, но и носиме одговорност уште поинтензивно да работиме на овие процеси“, вели Дане Тодоровски, Комерцијален Директор на Иуте, кој воедно ја имаше честа да додели една од наградите.

Живееме во време на дигитална револуција и вештачка интелигенција, која полека но сигурно навлегува во сите пори, па така и во е-бизнисите. Иднината на е-трговијата ќе зависи од  имплементација на новите алатки и можности. Секој современ бизнис бара континуирана надградба, трендовите брзо се менуваат, но исто така секој бизнис е индивидуална приказна која треба да еволуира на персонализиран начин.

Честитки до организаторот на оваа манифестација, на сите учесници и добитници на наградите, овој настан нека биде еден во низата кој ќе даде потстрек и стимул за сите оние кои штотуку започнале или размислуваат за градење и надградување на бизнисот преку е-трговија.

Иуте воедно со гордост го најавува почетокот на Click Week, недела посветена на онлајн купување и прва од ваков тип во земјава, овозможувајќи им на купувачите можности за дополнителна заштеда, попусти и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте „Купи сега, плати подоцна“.

Click week официјално започнува во понеделник, а повеќе информации се достапни на страната на Иуте.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе