Каква риба треба да јадете ако сте во процес на слабеење?

А.С.
/ 12.02.2023 / 17:21

Факт е дека за слабеење, покрај редовната физичка активност, важна е и квалитетната исхрана. Одредени видови риби можат да бидат особено корисни во овој процес.

На прво место е лососот, кој е извор на протеини и омега-3 масни киселини. Нутриционистката Лиза Р. Јанг објасни за списанието Eat This, Not That зошто лососот е корисен.

„Омега-3 се хранливи материи кои му даваат енергија на нашите тела и го одржуваат правилното функционирање на срцето, белите дробови, мозокот и имунолошкиот систем. Ова е важно за некој што се обидува да изгуби тежина, особено затоа што овие масни киселини можат да помогнат во забрзувањето на метаболизмот", рече таа.

Јадењето туна се препорачува бидејќи содржи и големи количини на хранливи материи, вклучувајќи омега-3 масни киселини, витамин Д и селен.

„Селенот е хранлива материја која ни е потребна на нашата тироидна жлезда за оптимално функционирање. Бидејќи тироидната жлезда е задолжена за метаболизмот, неправилната работа на тироидната жлезда може да влијае на нашата способност да изгубиме тежина, така што јадењето храна богата со селен може да биде корисно. Една студија покажа дека зголемениот внес на селен резултира со намалување на телесните масти“, објасни таа.

Бакаларот е уште еден вид риба што треба да ја додадете поради витамините и минералите што ги содржи. Има малку калории и масти, и многу протеини, што го прави многу хранлив.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе