Иако немаат лоши намери, мажите понекогаш немаат осет кога станува збор за комплименти. Иако тие сакаат да го пофалат вашиот изглед, жените слушаат нешто друго. Затоа, би било добро да се избегнуваат овие комплименти.
На Reddit неодамна беше започната дискусија за тоа кои се најлошите комплименти кои ги добиле, а во оваа дискусија се вклучија жените.
Како најлоши се издвоени оние кои почнуваат со зборот „многу”. „Многу си поубава…”, „Многу помладо изгледаш….”.
„Не ми е убаво кога го слушам тоа, се чувствувам како нешто да не е во ред, како да сум стара и да не сум убава”, вели една жена.
„Кога ќе ги симнам очилата да ги избришам, а тој вели дека баш сум убава без наочари. Го почитувам тоа што мисли дека сум убава, ама наочарите ми требаат за видот” е друг коментар.
„Еден лик на Instagram ми прати приватна порака и напиша: Moра да знаеш дека имаш убави цицки. Што да му одговорам?”, вели трета.
„Имам црвена коса и запознав многу мажи кои ми велеа дека сакаат црвенокоси бидејќи жените се луди. Фала што мислиш дека со тебе ќе легнав во кревет бидејќи имам црвена коса”, напиша трета.
Исто така, споредувањето со други жени не е добродојдено:
„Имаше мажи кои ми говореа дека сакаат да излезат со мене бидеји не сум како другите девојки. Претпоставувам дека мислеа дека сакам да ми кажат дека имам друг карактер, но јас се чувствувам како да не сум женствена и мојот живот не е нормален”, вели една девојка.
Исто така, избегнувајте и комплименти како „Убавице, ти си и паметна” и коментари за нејзината тежина.