Карамелизирано бело месо во слатко-кисел сос од пиво

Ова е еден од најубавите рецепти за бело месо бидејќи се крчка во вкусен сос од интересни состојки.

Белото месо е преполно со протеини и содржи навистина мал процент на масти, па затоа важи за едно од најздравите. Доста е лесно за подготовка бидејќи може да се пржи, пече, вари, похува... сите гурмани кои сакаат да експериментираат со храната треба да го пробаат овој совршен рецепт. Сѐ што е потребно да направите е да го испржите месото со крупно сечкан кромид, а потоа да додадете слатко-кисел сос од пиво. Потоа, нормално, да уживате.

Потребни состојки:

  • 3 пилешки стека
  • 100 гр брашно
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 40 гр путер
  • сол
  • бибер

за сосот:

  • 50 гр сенф
  • 1 лажица соја сос
  • 90 гр мед
  • ½ чаша пиво

Подготовка:

Стековите засечете ги во облик на дијамант (попречно и надолж), па посолете и побиберете. Валкајте го секое парче стек во брашно, па испржете ги од двете страни. Извадете ги од тавчето, таму ставете путер кој кога ќе се стопи додадете му ги крупно сечканиот кромид и толчениот лук. Пржете додека не омекнат, а потоа вратете го месото. Во сад измешајте сенф, пиво, мед и соја сос, па прелијте преку месото. Поклопете и оставете да се крчка 20 минути. Потоа послужете.

Remote video URL
Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Рецепти

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more
 

Магазин

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе