Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Исхраната е многу важна за нашето целокупно здравје. Освен тоа, некои намирници дури можат да го намалат ризикот од разни болести, покажуваат истражувањата.

Експертите од Факултетот за јавно здравје Харвард открија неколку намирници кои имаат антивоспалителни својства и можат да го намалат ризикот од развој на хронично воспаление, дијабетес, рак или деменција.

„Многу од болестите што нè мачат, вклучително и ракот, срцевите заболувања, дијабетесот, артритисот, депресијата и Алцхајмеровата болест, се поврзани со хронични воспаленија“, вели интернистот и професор по исхрана и епидемиологија на Харвард, Хауард Е. ЛеВин за The Mirror.

Правилната антиинфламаторна храна може да го намали ризикот од сериозни здравствени проблеми

Епидемиологот и професор по исхрана и медицина на Харвард, д-р Френк Ху ги истакна наодите од експерименталните студии кои покажаа дека одредена храна може да го реши воспалението.

Тој објасни дека овие намирници можат позитивно да влијаат на нашето расположение и „вкупниот квалитет на живот“.

„Вистинската антиинфламаторна храна може да го намали ризикот од болести. Сепак, постојаното избирање на погрешна храна може да го забрза процесот на воспалителна болест. Покрај тоа, некои од намирниците поврзани со зголемен ризик за хронични болести, како што се дијабетес тип 2 и срцеви болести, се поврзани и со воспаленијата“, објасни тој.

Така, експертите ги истакнаа следните шест намирници кои можат да го намалат ризикот од хронично воспаление, дијабетес, рак или деменција.

Домати

Маслиново масло

Зелен лиснат зеленчук, како што се спанаќ и кељ

Јаткасти плодови, како што се бадеми и ореви

Масни риби, како лосос, скуша, туна и сардини

Овошје како што се јагоди, боровинки, цреши и портокали.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе