Хрватска ја погодија 39 земјотреси во изминатите 49 часа

Хрватска вчера ја погоди силен земјотрес – во 12:20 часот сеизмолозите регистрираа разорен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри. Јачината на земјотресот била 6,4 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот  VIII-IX степени од скалата ЕМС.

Во периодот од 12:23 до 12:58 часот, се случија најголем број на последователни земјотреси, дури 10 – со магнитуди поголеми од 3 степени според Рихтер.

По тој земјотрес, следеа многу послаби, и сите земјотреси имаа епицентар близу Петриња и околината.

Најмалку седум лица загинаа. Тоа е бројката што е потврдена и не е исклучено подоцна да бидат откриени повеќе жртви. Најмалку шест лица се тешко повредени, а 20 полесно повредени, соопшти хрватското МВР.

Во Петриња нема објект што не е оштетен од земјотресот. Градоначалникот Даринко Думбовиќ утрово изјави да не се доаѓа неорганизирано во Петриња.

„Се надевам дека повеќе нема луѓе под урнатините. Не носете градежен материјал сега, ќе ни треба за неколку денови, изјави тој.

Градоначалникот на Глина, Стјепан Костањевиќ, денеска изјави дека утрово се тресе тлото во областа Глина, некои куќи се целосно урнати, а згрижени се оние граѓани кои немале покрив над главата.

-Има многу луѓе кои не сакаа да ги напуштат своите куќи и ја поминаа ноќта во автомобили. Се погриживме за оние кои немаат покрив над главата, чии куќи беа урнати. Имаме 35-36 населени места погодени од земјотресот и треба да ги посетиме денеска, рече тој.

Тој посочи дека помош доаѓа од сите страни, и потребни се шатори.

Сеизмолозите на сеизмолошката служба на Република Хрватска утрово во 6:15 часот, 6:26 часот и 6:29 часот забележаа три силни земјотреси со епицентри недалеку од Петриња.

Интензитетот на земјотресите бил 4,7, 4,8 и 3,9 според Рихтер. Земјотресите утрово беа 38-ти и 39-ти што беа почувствувани во Хрватска во изминатите 49 часа.

Сеизмолошката служба регистрира земјотреси скоро секоја минута, а имаше најмалку 25 до 30 земјотреси посилни од 3 степени по Рихтер. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе