Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 5:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод на Србија.
Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.
Земјотрес од 4 степени по Рихтер во Петриња, почувствуван и во Загреб
Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу хрватските градови Сисак и Петриња, а беше почувствуван и во Загреб.
Уште еден земјотрес ја погоди денеска централна Хрватска, 6 минути по пладне.
Епицентарот бил меѓу Сисак и Петриња.
Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени.
Почувствувани нови земјотреси во Петриња и околината
Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7:49 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот е почувствуван и во Загреб.
Хрватска ја погодија 39 земјотреси во изминатите 49 часа
Хрватска вчера ја погоди силен земјотрес – во 12:20 часот сеизмолозите регистрираа разорен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри.