Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7:49 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот е почувствуван и во Загреб.
Областа околу Петриња во Хрватска и претходно беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала.
Потресот беше регистриран во 4:20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња.
Сеизмолошката служба на Хрватска објави видео во кое ги прикажува сите земјотреси кои се случија околу Петриња на 28 и на 29 декември 2020 година. Видеото ги прикажува епицентрите на сите анализирани земјотреси случени во овие два дена.