Нови земјотреси во Хрватска: Земјата се отвори!

 

Централна Хрватска рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4, 7 и 4, 8 степени според Рихтеровата скала.

– Земјотресот во 6:15 часот беше со интензитет од 4,7 степени, а малку подоцна и нов од 4,8 степени со епицентар во областа Петриња, изјави Инес Иванчиќ, раководител на сеизмолошката служба за Хрватското радио.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави синоќа дека биле обезбедени речиси 16 милиони евра помош по разорниот земјотрес со епицентар во Петриња и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

– По големиот земјотрес, во име на владата, сакам да изразам жалење и сочувство до сите што изгубија некого во земјотресот, рече премиерот по состанокот на владиниот кабинет, пренесува Index.hr.

Пленковиќ посочи дека се обезбедени 120 милиони куни помош, од кои 100 милиони за округот Сисак, 10 милиони за округот Загреб и додаде дека ова е само почеток.

– Исто така се согласивме каква помош ќе побараме од ЕУ, комесарот задолжен за такви ситуации доаѓа утре. Гледам дека има голем интерес за помош, ви благодарам на сите, но би рекол дека помошта се дистрибуира и дистрибуира правилно, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека тоа се прави со помош на Црвениот крст, кој веќе отвори сметка за помош на областите погодени од земјотресот, а Владата денеска ќе донесе одлука за тоа.

Потресите предизвикаа и бројни оштетувања на патиштата и улиците. На влезот на Петриња, епицентарот на катастрофата, потполно е испукан асфалтот, а земјата буквално се отвори, за што сведочат снимки објавени на хрватските медиуми.

Remote video URL

Од почетокот на 20 век, во Хрватска се регистрирани најмалку седум земјотреси со ист интензитет како оние почувствувани вчера во близина на Петриња, а најмалку четири посилни од нив, според стручните сеизмолошки истражувања.

Според истражувањето објавено во 1966 година од хрватскиот сеизмолог Драгутин Цвијановиќ, земјотреси со јачина од 6,2 степени се случиле на 2 јануари 1906 година во Кашина кај Загреб, на 30 мај 1925 година во близина на Книн и на 20 јули 1937 година во Јелса на Хвар.

Разорни земјотреси од 6,2 се случија на 27 март 1938 година на Билогора, на 7 јануари 1962 година во Подгора на Биоково и на 13 април 1964 година на Диj гора.

Најсилните земјотреси од почетокот на 20 век, кои Цвијановиќ ги категоризира како 6 и три четвртини, се случија на 8 септември 1909 година во Покупско, на 29 декември 1942 година во Имотско Поле и на 11 јануари 1962 година во Макарска, четири дена подоцна по разорниот земјотрес во блиската Подгора.

Најсилниот земјотрес е регистриран на црногорското крајбрежје во 1979 година. Неговата јачина беше 7 степени според Рихтеровата скала, но епицентарот беше надвор од Хрватска, а делумно го погоди и Конавле во Хрватска.

Најсилниот земјотрес регистриран од списоците со вакви појави во светот се случи во Чиле во 1960 година и имаше интензитет од 9,5 степени според Рихтеровата скала. Се верува дека најмногу жртви во историјата има земјотресот од 1556 година во кинеската провинција Шанси. Тогаш животот го загубиле 830.000 луѓе.

 

 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе