Препорака за читање

Книга: „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 09.10.2022 / 19:16

Ако сте во потрага по препорака за добра книга која може да ве „разбуди“ од секојдневието, тогаш „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ на авторката Рафаела Жордано е совршена за тоа.

Дејството се одвива околу Камиј, која има чувство како да е заглавена во стапицата на секојдневната рутина на животот. Мисли дека нешто ѝ недостига, иако навидум е во среќен брак, има деветгодишен син и води мирен, семеен живот. Има сигурна и не многу стресна работа, живее во Париз, но сепак не е доволно среќна.

Мисли дека ѝ недостига нешто важно, суштинско, нешто интересно, нешто што не е дел од рутината, а те прави среќен, прави да го сакаш животот.

Таа не е среќна, се чувствува како срцето да не ѝ тука, меланхолична е и хронично мрзелива, опседната со нејзините душевни незадоволства.

По мала незгода со автомобилот, случајно се запознава со Клод, француски рутинолог кој ќе ѝ го промени животот. Очајно му се доверува и тој ѝ дава дијагноза – акутна рутинираност, заболување на душата што погодува сѐ поголем број луѓе во светот. Веројатно се прашувате кои се симптомите.

Опаѓање на мотивираност, хронично нерасположение, губење на смислата на животот, неспособност да се биде среќен и покрај релативното изобилие на материјални добра, чувство на празнотија.

Терапијата на Клод помага Камиј да се прероди, да излезе од зачмаеноста, да собере храброст и смелост да тргне по нејзините желби и соништа. Таа повторно ќе се пронајде себеси, Камиј од детството, од периодот кога животот за неа бил убав. Меѓу неа и Клод ќе се создаде синџир за заемна помош од кој ќе произлезе нова жена, со нови знаења и погледи на животот, со самодоверба и емпатија, ослободена од притисокот на семејството и општеството.

Веројатно сте слушнале за некој да велат дека не е емпатичен, или веројатно сте налетале на луѓе кои бараат емпатија, но самите не знаат да бидат емпатични. Емпатијата е чувство на препознавање или осознавање како е кога ќе се ставите во туѓа ситуација, како тогаш вие ќе се чувствувате на местото на другиот. Кога ќе препознаете дека некому му е потребна поддршка, помош, убав збор, прегратка.

Во виорот на секојдневието, забораваме на чувствата, на нашите соништа, на нашите желби кои се потсвесно скриени зад обврските, работата, семејството. Имаме еден живот, а тоа понекогаш го сфаќаме предоцна. На Камиј ѝ се случува токму тоа, преку мали чекори почнува големи промени за одново да живее.

Книгата зрачи со оптимизам, душевна ретроспектива и заразен шарм поради кој на моменти искрено ќе се смеете со авантурите на Камиј, а на моменти ќе се пронајдете во нејзините духовити монолози.

Напишана е во лесен стил, отвора различни теми и прашања, но тоа го прави на суптилен и ненаметлив начин преку методи во кои и самиот читател наоѓа лични инспирации нешто од прочитаното да примени во своето лично „будење“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе