Кои се најчестите причини зошто ви се прегрева лаптопот?

Лаптопите може да се загреат од низа различни причини - дијагностицирањето на проблемот не е секогаш исто, што значи дека ќе треба да направите неколку работи пред да откриете во што е проблемот.

Ако одеднаш почувствувате како се прегрева лаптопот на кој редовно работите, а топлината доаѓа од тастатурата, првото нешто што може да ви падне на ум е дека се расипал. Скоро секој сопственик на лаптоп во одреден момент ќе почувствува дека компјутерот се загрева, пишува Business Insider.

Ако вашиот лаптоп е прегреан цело време, треба да видите зошто се случува ова. Во најлош случај, тој ќе се исклучи доколку вградениот сензор открие превисока температура.

За почеток, избришете го лаптопот внимателно - ако имате пристап до вентилаторот, исчистете го и него од прашина. За да го направите ова, користете памучно стапче за уши или водух под притисок. Ако се одлучите за второто, задолжително свртете го лаптопот надолу за да спречите влегување прашина на други делови од компјутерот.

Најчестите виновници

Повеќето лаптопи можат нормално да работат на температура до околу 40 степени Целзиусови, но ако го користите во кревет, на перница или под постелнината, неговата температура ќе се зголеми. Постелнината и перниците ја задржуваат топлината и може да предизвикаат прегревање на вашиот компјутер ако работите со уредот ставен директно врз нив. Исто така, постелнината многу често го блокира излезот за вентилација.

 
Исклучете ги апликациите кои трошат најмногу енергија

Ако забележите дека вентилаторот на вашиот компјутер се вклучува сè почесто, размислете за затворање на апликациите кои најмногу го оптоваруваат уредот. На пример, ако имате Microsoft Excel, Adobe Photoshop и Google Chrome истовремено вклучени или едноставно користите Chrome, предлагаме да ги исклучувате другите апликации додека не ви бидат потребни. Вклучување на неколку апликации одеднаш го зголемува оптоварувањето на процесорот.

 
Размислете за сервис

Ако вашиот лаптоп се прегрева и горенаведените методи не работат, исклучете го уредот, исклучете го од струја и размислете да го однесите компјутерот кај професионалец. Прегревањето може да го оштети компјутерот и сите зачувани податоци, па да си направите поголем проблем.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Хардвер

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Read more

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе