Lenovo планира да го искористи Mobile World Congress за да претстави концептуален транспарентен лаптоп, а познатиот типстер од социјалната мрежа X, Еван Блас, објави рендер.
„Горниот“ дел на лаптопот е целосно проѕирен OLED, што е технологија за прикажување што LG и Samsung ја развиваат веќе некое време.
Проѕирен е и вториот дел од лаптопот, но се чини дека главните компоненти се скриени под непроѕирната „брада“. Има и потенка рамка околу работ, веројатно за порти и антени, додека остатокот припаѓа на тастатурата чувствителна на допир, која е вградена во панелот.
Оние што ќе го посетат MWC во Барселона на крајот на февруари ќе имаат можност да го видат овој концепт, но и други интересни уреди.