Кој е Марк Ангел, човекот кој ќе ја замени посрамотената Ева Каили?

МИА/КАЈГАНА
/ 18.01.2023 / 15:35

Европскиот парламент го избра луксембуршкиот социјалдемократ Марк Ангел за нов потпретседател, откако неговата претходничка Ева Каили беше уапсена и разрешена под обвинение за примање мито од Катар.

Ангел, кој е член на Европскиот парламент од 2019 година, стана еден од 14-те потпретседатели на ЕП, а беше избран по два круга тајно гласање.

Тој во првиот круг ја доби поддршката од 263 од 555 пратеници кои гласаа, додека италијанската претставничка од десничарскиот клуб „Идентитет и демократија“, Аналиса Тардино, доби 179 гласа. Француската претставничка од Зелените, Гвендолин Делбос-Корфилд доби 113 гласа.

Ангел по вториот круг го обезбеди неопходното супермнозинство меѓу пратениците кои гласаа. За него гласаа 307 од 590 пратеници, а 55 беа воздржани.

Тардино го поддржаа 185 од нив, а Делбос-Корфилд 98.

Минатиот месец ЕП го потресе истрагата на белгиското правосудство, во која под сомнение за корупција беше приведена поранешната потпретседателка на тоа тело, грчката социјалистичка претставничка Ева Каили.

Каили е во притвор по полициските рации минатиот месец, а на претходната пленарна седница во декември беше сменета од функцијата потпретседател на ЕП.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, најави реформи во насока на борба против „корупцијата“ и „странското мешање“ во работата на тоа тело на Европската Унија, како и одлуката за одземање на имунитетот на двајца европратеници поради корупцискиот скандал со лобисти и лица поврзани со ЕП и Катар.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе