Која е Митра? Нова македонска е-продавница основана од тим на две жени

Започнува со работа Митра, нова македонска е-продавница фокусирана на квалитетна и широка понуда на производи од различни домашни и светски добавувачи.

Онлајн продавницата, основана од тим на две жени, е резултат на современиот животен стил и потребата за подигање на квалитетот на онлајн купувањето во државата.

„Митра е создадена спонтано, но не и случајно. Митра е резултат на нашиот животен стил, базиран на љубов, заедништво, дружење и потреба за комуникација. Животен стил кој прерасна во бизнис, со јасна намера да ја пренесеме нашата страст кон модерното, убавото и корисното“, вели една од основачките, Александра Бела Белчева.

Митра има за цел да им го подигне квалитетот на животот и да им заштеди време на македонските потрошувачи нудејќи внимателно избрани производи за домот, козметика, книги и забава, храна за миленици, облека, производи за бебиња, суплементи и друго, кои се лесно и едноставно достапни и кои ќе бидат доставени со експресна достава. Онлајн продавницата е со современ и минималистички дизајн, фокусиран на лесен преглед на производи, како и едноставно и безбедно Интернет пазарење.

Е-продавницата има и општествено одговорна компонента и се грижи за животната средина, поради што доставата ќе ја извршува со еко-пријателски возила, тротинети, точаци и електрични мотори, а производите ќе ги пакува во хартиени кеси и кутии. 

Интерес побудува и изборот на Митра како име за онлајн продавница. Тимот на Митра објаснува дека името е одбрано поради неговото важно локално и глобално значење.

„Историски, Митра е заштитник и чувар на сите аспекти на меѓучовечките односи, како што се пријателството и љубовта. Нашата приказна исто така се темели на искрено пријателство кое особено многу ни помогна во стартување на нашиот нов бизнис“, објаснува Александра.

Е-продавницата е достапна на линкот: www.Mitra.mk како и на Facebook и Instagram. Од Митра најавуваат подароци за првите 50 купувачи.

*Промотивен текст

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе