Колку ќе заработи Дончиќ со најголемиот договор во историјата?

Словенецот Лука Дончиќ синоќа го предводеше Далас во победа од 125:107 во Хјустон, а тоа беше негов 65-ти настап сезонава со што ги исполни новите критериуми на НБА лигата за добивање поединечни награди.

Имено, меѓу тие награди е и вклучување во една од првите три петорки од сезоната, што ќе биде доволно за да се исполнат критериумите за потпишување на таканаречениот супермакс договор во летото 2025 година.

Со тој потпис Дончиќ би го имал најголемиот договор во историјата и најверојатно ќе стане првиот кошаркар кој во една сезона надминал 80 милиони долари.

URL

Инаку, супермакс договор може да потпишат само играчи со минимум седум години искуство кои исполниле одредени услови, како што е избор во Ол-стар или Ол-НБА составот.

Вредноста на договорот за супермакс е 35 отсто од платата за дадена година, а според предвидувањата за 2025 година, тоа би значело дека Дончиќ би можел да потпише петгодишен договор вреден 346 милиони долари.

Дончиќ моментално е во втората година од петгодишниот договор од 215 милиони долари, па оваа сезона заработува 40 милиони долари, следната 43, па 46 милиони долари.

Да потсетиме, сопственик на најголемиот договор во НБА во моментов е Џејлен Браун од Бостон Селтикс, кој лани потпиша супермакс од 304 милиони за пет години.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе