Легендарниот ирски борец Конор Мекгрегор на Instagram објави дека станал милијардер, но јавноста не му верува.
Од претходно е познато дека наводно заработил 100 милиони долари од поразот на мечот со Флојд Мејведер во 2017 година, а Forbes објави дека минатата година заработил 47 милиони долари.
Освен боксот, Мекгрегор заработува и од неговата компанија за виски Proper Twelve Whiskey Brand, како и од неговите останати фирми August McGregor Clothing и McGregor Sports & Entertainment.
Според американските медиуми, мала е веројатноста неговата објава дека станал милијардер да е вистинита. Според нивната пресметка, Мекгрегор не е ниту близу таа бројка па останува прашањето зошто Ирецот воопшто ја сподели оваа информација со јавноста.