Култни патики што никогаш не излегуваат од мода

Патиките се едни од најносените обувки од луѓе на различни возрасти. Токму затоа речиси на дневна база се дизајнираат и пуштаат на пазарот нови модели, но само малку од нив стануваат култни и сè уште се купуваат и носат децении во иднина.

Converse Chuck Taylor All Star

„Старките“ потекнуваат од далечната 1917 година. Некогаш беа најдобрата кошаркарска патика на пазарот, а последниве декади важат за секојдневни патики, носени буквално од секој и насекаде. Иако низ годините добиваа модификации и варијации, а неодамна беше претставена и втора верзија од иконските патики, сепак оригиналните црни високи „старки“ важат за класика меѓу патиките.

Adidas Originals Stan Smith

Овие култни патики се појавија на пазарот во 1971 година, а именувани се по тенисерот Стен Смит. Денеска сè уште може да се забележат на улиците, но и на црвените теписи и првите редови на модни ревии.

Nike Air Max 1

Оригиналниот модел на Nike Air Max се култни патики што беа и останаа инспирација за сите следни Air Max модели на компанијата. Иако „меурчето“ во ѓонот во 1987-та беше дочекано со чудење, со тек на времето беше прифатен и стана култен дел од Nike.

Vans Old Skool

Уште од нивното појавување во 1977 година, олдскул Vans патики се хит и како никогаш да не излегоа од центарот на вниманието. Основачот на компанија чкртајќи ја направил онаа странична „џез лента“, која одлично се вклопи во моделот што го замислил. Иако првенствено беше скејтерска патика, денеска може да се види речиси на секој.

Reebok Classic

Иако не остана на врвот константно, Reebok е заслужен за враќање на ретро моделите на пазарот. Иако имаат повеќе одлични ретро модели што денеска се носат, го издвојуваме класичниот модел на бела патика, со гумиран ѓон. 

New Balance 574

Овој модел е еден од првите ретро модели што се вратија на големо на пазарот, пред 6-7 години. Ова се едни од најпопуларните патики во светот, а како најкултен модел го издвојуваме New Balance 574.

Adidas Superstar

И овие патики почнаа на кошаркарското игралиште, а најчесто се асоцираат со Run DMC кои ги носеа како дел од нивната „униформа“, а подоцна ова им донесе соработка и милионски договор со Adidas - прв од ваков тип во тоа време.

Nike Air Jordan I

Легендарните и први Nike Air Jordan беа направени во 1984 година за исто таквиот кошаркар, Мајкл Џордан. Црвено-црниот модел беше инспириран од боите на неговиот тогашен тим, Чикаго Булс. Оттогаш излегоа повеќе различни верзии и комбинации на бои кои го носат името на овој легендарен кошаркар. 

Кој култен модел на патика ви е омилен?

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе