ФИС ЧЕТИРИ СКОКАЛНИЦИ 2023/2024

Ланишек леташе до првото место во Гармиш-Партенкирхен

Словенецот Анже Ланишек ја оствари шестата победа во кариерата откако во Гармиш-Партенкирхен го освои првото место на турнејата Четири скокалници.

Ланишек победи со 295,8 поени и беше пред Јапонецот Рјоју Кобајаши (292,6) и Германецот Андреас Велингер (291,4).

Ланишек беше прв и во квалификациите, во првата рунда тој прескокна 136 метри со 144,6 поени, додека во втората прескокна 137 метри со 151,2 поени, што му беше доволно за првото место.

URL

Јапонецот Кобајаши, кој беше прв во поредокот по првиот дел, не успеа да ја сочува лидерската позиција на крајот. Германецот Андреас Велингер победикот од Оберстдорф, првата станица на турнејата Четири скокалници, заврши на третата позиција.

Во првата петорка се најдоа Австријците Мануел Фетнер и Јан Херл со 288,7, односно 281,4 поени.

Најдолгиот скок го имаше Михаел Хајбек, кој во првата серија прескокна 141 метар.

URL

Лидерот во поредокот сезонава, австриецот Штефан Крафт, заврши на 6. место.

Најголемо изненадување беше Италијанецот Џовани Брезадола кој со најслаб резултат влезе во финалната серија, скокаше прв, па го чуваше првото место додека не почнаа да скоката првите 20 и на крајот го освои за него одличното 20-то место.

URL

Разочараа минатогодишниот победник на Четири скокалници, Халвор Гранеруд од Норвешка, како и Полјакот Давид Кубацки, победник во изданието 2019/2020 и втор лани, кои не успеаја да се пласираат во финалната серија.

Remote video URL

По денешното натпреварување, серијата се сели во Австрија.

Третата станица е Инсбрук на 3 јануари, а турата завршува на 6 јануари во Бишофсхофен.

Моментално на табелата за Четири скокалници, по две скокалници, води Велингер пред Кобајаши и Крафт.

URL
Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе