Лажен антивирусен хакер: Апликација со име на познат софтвер ги симнува податоците од телефоните со Android

На онлајн платформите неодамна беше откриена варијанта на банкарскиот тројанец Vultur кој ги таргетира телефоните со Android и се обидува да извлече податоци од финансиска природа.

Злонамерниот банкарски тројанец Vultur првично беше откриен на платформата Google Play уште во 2021 година.

Подобрена верзија на Vultur, која овојпат е откриена, користи порака за фишинг на корисникот со цел да ја прошири интернет адресата за да ја преземе лажната антивирусна апликација McAfee Security.

Така го привлекува вниманието на корисниците со намера да го инсталираат на нивните телефони со Android. Откако ќе паднете на измамата и ќе ја преземете лажната апликација, скриен тројанец ќе го зарази вашиот Android телефон.

Напаѓачите ќе добијат далечински пристап до мобилниот уред, што ќе им овозможи да го следат и контролираат во реално време (снимање на екранот, прегледување на списокот на повици, информации за онлајн плаќања, банкарски апликации, мешање во нормалното функционирање на одредени апликации), наведува Bleeping Computer.

Со прикажување на пораки како „Привремено недостапно“, вирусот го заобиколува механизмот за заклучување на екранот на мобилните уреди, а со тоа добива пристап до важни лични податоци на корисникот на уредот без да внесува лозинка.

Иако апликацијата која се преправа дека е McAfee Security овој пат ја открија антивирусните компании, нема гаранција дека нема да се повторат слични методи на малициозни напади користејќи имиња на други добро познати апликации, со цел да се шират уште подобро и побрзо на интернет.

Се препорачува корисниците на телефони со Android, кои преземаат апликации на платформата Google Play, при примање пораки, да не кликаат лесно на линковите што им нудат да ја преземат апликацијата. Воедно, треба и редовно да ги скенирате своите телефони со легитимни антивирусни апликации за да избегнувате инфицирање на податоци со малициозни вируси со цел да го намалите ризикот од протекување на вашите лични податоци.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе