Леброн исвиркан од цел стадион на Супербоул

Леброн Џејмс е спортска легенда, но на многумина не им е омилен, а потегот што го направи откако цел стадион го исвирка на Супербоул само ќе стави масло на огнот.

Без обѕир на тоа што минатата недела Леброн Џејмс страна најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, и натаму голем број навивачи во САД не го сакаат. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња на многумина им е трн в око бидејќи се обидува да го надмине на сите омилениот Мајкл Џордан, понекогаш и премногу се истакнува себеси во преден план (неодамна со себе носеше коза, јасна алузија на GOAT трката), па така сега со исвиркување беше пречекан на најголемиот спектакл на годината во САД.

Леброн се појави на Супербоулот одигран ноќеска на „Стејт Фарм“ стадионот во Глендејл, Аризона помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс. Кога беше прикажан на големиот екран навивачите почнаа да свиркаат, што беше тотално различна реакција за разлика од останатите ѕвезди кои се појавија во ВИП ложата.

И покрај тоа што Леброн не наиде на позитивна реакција од публиката, знаеше како да се снајде во дадениот момент. Им одговори така што се правеше дека си става круна на главата, поради својот прекар Кинг (Крал), по што свирежите само се зголемија. Поголемиот дел од 65-илјадната публика на тој начин покажа што мисли за Леброн - по сѐ изгледа најнеомилената ѕвезда во САД.

URL

Супербоул се играше во Аризона и веројатно поголемиот дел од навивачите се приврзаници на Феникс Санс, кој е ривал на Лос Анџелес Лејкерс, но секако е чудно да се види како една голема ѕвезда и еден од најдобрите спортисти на сите времиња е вака масовно исвиркан.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе