НБА ПЛЕЈ-ОФ 2022/2023

Леброн не можеше сам - Јокиќ ги реши Лејкерс и донесе прво финале за Денвер

Денвер Нагетс ќе го играат своето прво НБА финале, а најзаслужен за тоа е, кој друг ако не, Никола Јокиќ.

Денвер ноќеска го победи Лос Анџелес Лејкерс на гостински терен со 113:111 и го збриша славниот клуб со 4-0 во партии - благодарение на маестралниот Никола Јокиќ.

Леброн Џејмс даде с од себе Лејкерс да избегнат елиминација, дуелот го заврши со дабл-дабл од 40 поени, 10 скока и 9 асистенции, но и тоа не беше доволно бидејќи на другата страна беше Јокиќ.

Remote video URL

Српскиот центар постигна 30 поени со 14 скока и 13 асистенции и постави рекорд кога станува збор за трипл-дабл учинок во еден плеј-оф.

Јокиќ направи 8 од нив, а претходен рекордер беше Вилт Чејмбрлејн, кој пред 56 години постигна 7 трипл-дабл ефекти.

URL

Јокиќ ги постигна последните поени на натпреварот на 51,1 секунда пред крајот, а Леброн имаше можност да го одведе мечот во продолжение, но неговиот удар беше изблокиран од Арон Гордон на 1,1 секунда пред сирената да означи крај.

Remote video URL

Во големото финале Денвер Нагетс ќе играат против подобриот од серијата Мајами Хит - Бостон Селтикс. Моментално е 3-0 за Мајами и Јокиќ најверојатно против нив ќе има можност да ја освои првата титула во НБА.

реклама

Кошарка

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Read more

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Read more
 

Спорт

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе