Верувале или не… еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата, легендата на Милан и светскиот фудбал, Паоло Малдини, во текот на богатата кариера побарал дрес од само еден противнички фудбалер.
Изненаден бил и фудбалерот чии дрес го побарал Малдини. Станува збор за напаѓачот Дарио Хубнер, најдобриот стрелец во Серија А, Би и Чи, единствен во историјата на италијанскиот фудбал.
„Најпосебно во кариерата ми беше случката со Паоло Малдини, кога играв во Бреша. Пред да излеземе на теренот во тунелот, Паоло ми пријде и праша: 'Дарио, ќе ми го дадеш дресот?' Отпрвин мислев дека се шегува ха, ха… Кој можеше да замисли дека голем играч и човек како Паоло Малдини ќе го посака мојот дрес?! Тој всушност ме замоли да ги замениме дресовите, што и го направивме. Е сега, дали го задржал или го дал на некој друг, не знам“, откри Хубнер.
Хубнер во својата кариера ос 1992 до 2011 година растураше играјќи за Пјевиџина, Пергокрема, Фано, Чезена, Бреша, Пјаченца, Анкона, Перуџа, Мантова, Кјари, Роденго, Кортефранка, Кастел Мела и Кавенаго.
Најдобар стрелец во Серија А беше во сезоната 2000/2001 во Бреша со 24 голови заедно со Давид Трезеге. Најдобар стрелец во Серија Би беше со Чезена во 1995/1996 со 22 гола, а во Серија Чи во 1991/1992 Група А со 14 гола во дресот на Фано.