КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

Липи си даде оставка како селектор на Кина

По синоќешниот пораз од Сирија, Марчело Липи реши да ја преземе одговорноста и се повлече од селекторското столче во репрезентацијата на Кина.

Кинезите вчера играа квалификациски натпревар за пласман на Мундијалот во Катар 2022 против репрезентацијата на Сирија на гости. Поради безбедносната ситуација во Сирија, натпреварот се одигра на неутрален терен во Дубаи, ОАЕ.

Осама Омари ѝ донесе водство на Сирија во 19-тата минута, но единаесет минути подоцна избраниците на Липи израмнија преку Ву Леи.

Сепак, во 76-тата минута Сирија доби подарок гол за победа откако Чан Линпен ја затресе сопствената мрежа. Поразот ја прели чашата на Липи, кој претходно веќе еднаш имаше дадено оставка, но потоа Кинезите го предомислија.

„Мојата плата е многу висока и јас ја преземам вината. Поднесувам оставка како селектор на Кина“, кратко изјави Липи чии зборови ги пренесува кинеската новинска агенција Xīnhuá (新华).

Се чини овој пат разделбата е неминовна. Липи е на чело на Кина од октомври 2016, а си даде оставка во јануари годинава по поразот од 3:0 од Иран во четврт-финалето на Азискиот куп. Неколку месеци беше заменет од Фабио Канаваро пред повторно Кинеската федерација да го постави за селектор во мај.

Липи одамна е разочаран од квалитетот на кинескиот фудбал и малиот избор на добри фудбалери кои ги има на располагање.

реклама

Фудбал

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе