Лоша вечер за Стерлинг: Доби дозвола од Пеп, изведе „паненка“ и се посрами
Тимот на Манчестер Сити синоќа потешко од очекуваното, преку пенали, го совлада Лестер Сити. Резултатот беше 1:1 по регуларните 90 минути и кога дојде редот на Рахим Стерлинг да изведува пенал, тој се посрами пред полниот стадион.
Репрезентативецот на Англија реши да изведе „паненка“ и да го измами голманот на Лестер. Голманот падна, но топката по ударот на Стерлинг заврши над пречката, што предизвика бурни реакции од домашната публика.
Сепак, Манчестер Сити на крајот излезе како победник од пенал серијата со резултат 3:1 и обезбеди пласман понатаму во полуфиналето од Карабао купот.