Ловечките шницли на секого му успеваат, а нивната подготовка бара само неколку состојки.
Ловечки шницли е јадење кое никој не го одбива. Овие нежни шницли некогаш редовно се служеа за ручек, а мекото месо во сосот најдобро оди со компири, печени или како пире. Сега ви пренесуваме руски рецепт за ловечки шницли кои се направени во сос од печурки и се неверојатно вкусни.
Потребни состојки:
- 600 гр свинско филе
- 300 гр печурки
- ½ кромид
- 200 мл бело вино
- 1 лажица брашно
- 30 гр путер
- сол
- бибер
Подготовка:
Шницлите не треба да бидат премногу дебели, а доколку се, излупајте ги со чекан за месо. Зачинете со сол и бибер од двете страни. Пропржете го месото од двете страни, па извадете го од тавата.
Во истото тавче додадете ситно сечкан кромид и пропржете додека да омекне. Потоа додадете ги сечканите печурки и путерот и пржете уште 10 минути. На крајот додадете брашно и пржете уште една минута.
Истурете го виното во сосот, па динстајте додека малку да испари. Зачинете по желба, па вратете го месото и динстајте уште 10 минути.