ЛШ: Реал Мадрид чека на триумф против Ајакс за спас на сезоната

Три натпревари во седум дена на Сантијаго Бернабеу требаше да го одредат патот во кој се движи сезоната на Реал Мадрид. Претходните два резултираа во порази од Барселона, а овој последниот ќе одлучи дали „кралевите“ ќе ја продолжат борбата за одбрана на титулата од Лигата на шампионите.

Пораз од Ајакс за Реал Мадрид би значел предвремен крај на сезоната, без шанса да се бори за некоја од трите титули кои беа во игра.

Лигата на шампионите е единственото натпреварување кое им остана на играчите на Реал Мадрид, а задачата не ја прави ништо полесна ниту отсуството на Серхио Рамос, кој на првиот натпревар заработи жолт картон со кој доби автоматска суспензија, за потоа да признае дека го добил картонот намерно, па УЕФА му ја продолжи суспензијата за уште еден натпревар.

Ајакс не е наивен противник. Баш напротив, доколку холандскиот тим нападне од првата минута и остане концентриран до самиот крај, може да се надева на победа против Реал Мадрид. Но, проблемот за Ајакс лежи во негативата од првиот натпревар, кој го загуби со 1:2 на домашен терен.

Вториот натпревар вечерва е оној помеѓу Борусија Дортмунд и Тотенхем, во кој германскиот тим брка негатива од 3:0 од првиот натпревар. Слично како кај Реал Мадрид, и сезоната на Борусија Дортмунд полека паѓа во вода, откако тие ја прокоцкаа бодовната предност на табелата во Бундес лигата во однос на Баерн Минхен.

Во двата состави ќе недостасуваат играчи, но најзначајни се отсуствата на Лукас Пишчек (Борусија Д.) и Деле Али (Тотенхем). Хари Кејн се опорави од повредата порано отколку што се очекуваше и ќе може да настапи на гостувањето во Германија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе