Македонија нема пари за борба со СИДА

Македонија нема веќе да добива поддршка од Глобалниот фонд за спроведување на интервенциите од Националната програма за ХИВ, а граѓанските организациии и корисниците на овие програми за ХИВ предупредија дека политиката на власта со скратување на Буџетот, ќе доведе до епидемија на ХИВ во земјавата.

Во Македонија денеска започнува Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА под мотото „Шизици, уживајте без ризици!“, а платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ, денеска, на Светскиот ден за борба против ХИВ, организира протестен марш во 12:05 часот, од Министерството за здравство до Плоштад „Македонија“.

Годинава во земјата има 33 нови заболени со ХИВ, досега се регистрирани 275 заболени, а од нив 80 починале.

„Доколку се воспостават стабилни механизми за финансирање на програмата за ХИВ, во Македонија можат да се спречат 860 нови инфекции и 290 смртни случаи до 2030 година“, рече Андреј Сених од Платформата за одржливост на програмте за ХИВ, на денешната прес-конференција.

Платформата, составена од 16 невладини организации, бара одговорните институции итно да го корегираат буџетот за програмата за превенција и лекување на ХИВ.

За 2017 година, предвидени се 27 милиони денари за борба против сидата, а Министерството за здравство во процената што ја изработи со Светската здравствена организација, оцени дека се потребни 65 милиони денари.

„За оваа програма во моментов се издвоени 27 милиони денари од Буџетот, за 2017 година. Но, и самото Министерство за здравство пресмета дека се потребни 65 милиони денари за терапија за една година и за превенција во првите шест месеци од годината“, рече Сених.

Според него, недостигот од пари негативно ќе се одрази на сите превентивни мерки што се преземаат за ризичните групи, како што се бесплатното и анонимно ХИВ тестирање, набавка на кондоми, игли и слично.

Христијан Јанкуловски, претседател на Националниот координативен механизам, рече дека стапката на заболени од ХИВ расте во земјите кои не добиваат пари од Глобалниот фонд. Тоа се покажало како случај и во Србија и во Црна Гора, кај кои финансирањето од Глобалниот фонд престана пред две години.

Во Македонија, донацијата од овој Фонд ќе престане на крајот на јуни следната година, и Програмата за ХИВ/СИДА нема да биде финансирана од меѓународни организации.

Денеска во Скопје почна дводневен регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ. Учествуваат претставници од осум земји – државни институции, граѓански сектор и од Глобалниот фонд. Целта е да се формира регионалнен координативен механизам што ќе работи на одржливост на програмите за ХИВ во земјите од регионот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе