Манасков ја однесе Македонија во наредната рунда

Македонските ракометари ќе играат во наредната фаза на ЕП во Полска, откако во решавачкиот меч во А групата одиграа 27:27 (13:13) против репрезентацијата на Србија. Македонија во наредната рунда ќе влезе без бодови, а покрај „црвено-жолтите“ од А групата натаму одат Франција и Полска.

Мечот во Краков донесе вистинска драма на две селекции кои силно го посакуваа пласманот во наредниот круг. Ниту една селекција во текот на натпреварот не создаде предност поголема од два гола, а во вториот дел предноста на двата тима никогаш не беше поголема од еден гол.

Македонија против Србија одигра нервозно, особено во првата половина од првиот дел, бавно во нападот, кога Србите целосно го изолираа Кире Лазаров. Густата одбрана Србите најдобро ја искористија крилата Манасков и Георгиевски кои заедно постигнаа 15 голови.

На крајот, големата борба беше решена во последните десет секунди, прво Ѓукиќ погоди за водство на Србија, а потоа Манасков врати во последната секунда за израмнување и пласман на Македонија во наредната рунда.

Србите го отворија мечот со голот на Шешум, но Македонија возврати преку Манасков и Кире Лазаров, по што започна да се игра гол за гол сé до 13. минута (5:5), тогаш Србите постигнаа два гола (Шешум и Никчевиќ) и првпат стекнаа предност од два гола. Во овој период од играта Станиќ му одбрани два седмерци на Кире Лазаров и беше најзаслужниот за водството на Србија.

Исто така, „црвено жолтите“ не можеа да се справат со брзите бекови на Србија, која во првата половина од првото полувреме шест од седумте гола постигна од бековските позиции.

Македонија во втората половина од првиот дел ја користеше фокусираноста на српската одбрана врз Лазаров, па во нападот погодуваа крилата Георгиевски и Манасков.

Во последните пет минути Србија избори нерешено, Марсениќ и Ненадиќ постигнаа голови, Лазаров не реализираше чист зицер, Георгиевски постигна гол за 13:12, а Србија израмни на 13:13 од седмерец преку Ненедиќ по истекот на времето. 

Големата борба продолжи и во второто полувреме. Шешум погоди за предност на Србија, а Македонија возврати преку Георгиевски и Лазаров, потоа Никчевиќ израмни на 15:15.

Нашата одбрана немаше решение за расположениот Ненадиќ, кој за 16. минути во вториот дел постигна четири гола, но голгетерската форма од првиот дел ја задржа Манасков за 19:20 (46. минута).

На 90 секунди до крајот Србија не реализираше напад за два разлика, па следуваше долг напад на Македонија, во кој Миркуловски, на 45 секунди до истекот на времето, изнуди исклучување на Марсениќ.

Нападот на Македонија продолжи со скок шут на Лазаров, Станиќ одбрани, но топката ја прифати Стоилов и израмни на 26:26, на 20 секунди до крајот.

По тајмаутот на српскиот селектор, Србите изведоа брза акција, нашата одбрана беше премногу статична, а Ѓукиќ поентираше под Ристовски на десет секунди до крајот. Последниот напад Македонија го играше без голман, со седуммина во поле, акцијата изработена за Манасков кој погоди за израмнување и за пласман на Македонија во вториот круг.

Дејан Манасков со десет голови беше најефикасен на мечот, Георгиевски постигна пет, Лазаров и Стоилов по четири гола. Србија ја предводеа Ненадиќ и Шешум со по седум гола, односно голманот Станиќ со 13 интервенции.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе