Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Се наоѓаме во период кога марулата е насекаде на дофат, па затоа треба да ја искористиме максимално. Редовното консумирање на оваа намирница значително ќе го подобри вашето здравје.

Ајсберг

Марулата, позната и како зелена салата, со научно име Lactuca sativa, се служи како прилог, одличен додаток е за сендвичи и многу повеќе. Не само што додава боја и крцкање на оброците - исто така е многу богата со корисни хранливи материи.

Марулата во борба против болести

Марулата е здрав дел од оброците на луѓето уште од древно време. Египќаните од пред илјадници години ги препознале здравствените придобивки од марулата и ја одгледувале во своите градини. Јадењето повеќе од овој зелен лиснат зеленчук има неколку здравствени придобивки, добар извор е на витамини и хранливи материи.

Важно е да се знае дека не сите марули се создадени еднакви. На пример, марулата со црвени и зелени листови ја надминува по хранливост ајсберг марулата. Може да има 6 до 20 пати повеќе витамин А, витамин К и лутеин. Општо земено – потемните бои на марулата ја прават похранлива.

Црвена марула

Марулата е полна со антиоксиданси. Овие хемикалии за храна ве штитат од слободните радикали, кои предизвикуваат воспаление и можат да придонесат за болести на очите, дијабетес и други хронични состојби.

Марулата е особено богата со:

Антоцијани - Овој флавоноид ги уништува слободните радикали. Антоцијаните се наоѓаат во црвената марула. Тоа е пигментот што им дава црвена боја на листовите.

Каротеноиди - Вклучуваат лутеин и бета-каротин. Вашето тело го претвора бета-каротинот во витамин А, кој ви е потребен за добар вид и здрав имунолошки систем.

Лутеин - Овој „витамин за очи“ ги штити вашите очи од оштетување од сонцето. Исто така, може да ја спречи или забави макуларната дегенерација, болест на очите што предизвикува губење на видот.

Помага при слабеење

Истражувањата покажуваат дека јадењето мала салата пред главниот оброк може да ви помогне да се чувствувате посити. Како резултат на тоа, внесувате помалку калории за време на оброците. Наодите сугерираат дека започнувањето на оброк со салата која вклучува марула може да доведе до губење на тежината или да ви помогне да одржувате здрава тежина.

Добра е за силни коски, крв и мозок

Повеќето сорти на марула се одличен извор на витамин К. На телото му е потребен овој витамин за да изгради силни коски и згрутчување на крвта. Една порција путер салата (најзастапениот вид марула во Македонија) има повеќе од 20% од препорачаната дневна вредност за возрасни. Ајсберг марулата (најпопуларниот вид во САД) обезбедува 10% до 19% од препорачаната дневна вредност на витамин К.

Путер марула

Витаминот К, заедно со лутеинот и фолатите (витамин Б9), исто така може да помогне да се спречи губење на меморијата. Студија од 2018 година покажа дека дневната порција од овој зелен лиснат зеленчук ја подобрува меморијата кај луѓето како што стареат.

Ве одржува хидрирани

Дури 95% од тежината на марулата доаѓа од вода. Значи, кога јадете марулата, ја гасите и жедта. И високата содржина на вода ве заситува побрзо, помага да се спречи гладот ​​и да се спречи прејадување.

Марулата е разновиден зеленчук кој е достапен и лесно се додава во оброците. Тоа е одличен без маснотии и нискокалоричен начин да внесете повеќе зеленило во вашите оброци.

Видови марула
  • Путер - има лабави глави и путереста текстура. Најпопуларна е во Македонија и Европа.
  • Кинеска (Celtuce) - обично има долги, сабјести, главонеобразни листови, со горчлив и робусен вкус за разлика од западните видови, соодветен за потпржени и динстани јадења. Кинеските сорти на марула се делат на дршкоупотребни и листоупотребни видови како јоумајцај (油麦菜) или шенцај (生菜).
Кинеска марула
  • Ајсберг (Iceberg) - најпопуларниот тип во САД. Многу е чувствителна на топлина и првично беше развиена во 1894 година за растење во северниот дел на САД. Името го добила по начинот на кој се транспортирала во кршен мраз, каде што главите на зелената салата изгледале како санта мраз. Има низок вкус и хранлива содржина, бидејќи се состои од уште повеќе вода од другите видови.
  • Римска (Romaine) - наречена и кос, е главообразен тип со продолжени листови. Се употребува во Цезар салатата.
Римска марула
  • Кочанеста - има цврсти, густи глави како кај зелката. Овие се најслаби по вкус и се користат повеќе заради крцкавата текстура отколку заради вкусот.
  • Бескочанеста - со нежни, меки и слаби по вкус лисја. Тука спаѓаат назабените и црвенкастите марули.
  • Батависка - имаа умерено густи глави со крцкава текстура; ова е среден тип помеѓу кочанестите и бескочанестите марули.
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе