Матичните лекари нема да работат в понеделник од 12 до 16 часот

В понеделник, од 12 до 16 часот, матичните лекари ќе престанат да даваат секакви услуги за да искажат колку се незаштитени како лекари по синоќешното убиство на колегата на паркингот пред Поликлиниката „Железара“.

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните матични лекари, вели дека имало предлози прекинот на работата да биде подолг, но се одлучиле за четиричасовен за да не биде на штета на пациентите.

„Ова не смееме да го премолчиме. Секој од нас можеше да биде на местото на убиениот колега. Колегите се едногласни во ставот дека мора да реагираме. Имаше предлози прекинот да биде и шест часа, но се договоривме да бидат четири и одлуката е веќе донесена. В понеделник, во периодот од 12 до 14 часот, матичните лекари нема да даваат ниедна услуга. Мора да кажеме колку сме незаштитени како лекари во примарно здравство. Немаме ниту пак, со капитацијата можеме да си платиме обезбедување, а работиме со секакви пациенти“, вели претседателката Чолакова-Дервишова за „Макфакс“.

Со прекинот на работата сакаат да издејствуваат донесување на законот за докторска дејност, кој предвидува поголема заштита на лекарите.

„Законот е подготвен и фаќа прашина во некоја фиока. За него зборувавме уште кога беше министер Никола Тодоров. Многумина се сменија од тогаш, а законот не е донесен. Под итно треба да се донесе“, рече претседателката Чолакова-Дервишова.

Таа апелира МВР што побргу да го расчисти случајот оти и тие како лекари се чувствуваат загрозени по убиството на колегата.

МВР утрово соопшти дека доцна синоќа на паркингот пред Поликлиниката „Железара“ со убодни рани од нож бил пронајден 67-годишен лекар. Го пронашле синовите, кои излегле да го бараат оти не се вратил од работа. Убиениот бил матичен лекар, концесионер со ординација во Поликлиниката.

реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе