Лекар најден избоден до смрт во скопска Железара

Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара.

„Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат“, велат од Лекарска комора.

Според нив загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин.

„Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем. Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира“, објавија од лекарската комора.

Вчера, во 23:09 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, на паркингот пред Поликлиниката „Железара“, со убодни рани на телото бил пронајден А. Т. (67) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако тој не се вратил дома од работа. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во скопската населба Железара, каде што во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на самото место и за обезбедување снимки од видеонадзорот. Се преземаат дејства за расчистување на настанот“, велат од Обвинителството.

реклама

Хроника

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Read more

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Read more

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе