Фудбалерот на Интер, Николò Барела, наскоро ќе потпише нов договор и ќе стане најплатениот италијански играч во Серија А, објавија италијанските медиуми.
Како што пренесува La Gazzetta dello Sport, Барела ќе има годишна плата од 7 милиони евра со одередни бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2026 година, а директорот Пјеро Аузилио пред неколку дена изјави дека 27-годишниот играч од средниот ред најверојатно ќе потпише нов договор пред неговиот тимски колега Лаутаро Мартинес.
GDS наведе дека Барела ќе го потпише договорот до јуни 2029 година.
Моментално има плата од 5 милиони евра годишно, според новиот договор ќе добива 6,5 милиони, но лесно ќе ги исполни бонусите и ќе достигне сумата од 7 милиони евра годишно.
Според информациите, најплатен италијански фудбалер во Серија А е Алесандро Бастони од Интер, кој моментално има 5,5 милиони евра по сезона, додека фудбалерот на Јувентус, Федерико Кјеза, има годишна плата од 5 милиони евра.