Медицинска сестра нападната во поликлиника Драчево

На 06.09.2019 околу 20 часот и 50 минути, во СВР Скопје било пријавен напад врз здравствен работник.

Во поликлиника Драчево, Ј.Г.(41) физички ја нападнал медицинската сестра М.Л.(60). Не е познат мотивот за нападот.

Против Ј.Г по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кривична пријава денеска заработија и двајца браќа од тетовска Голема Речица, откако беше пријавено дека претепале доктор од тетовската Клиничка болница.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9:30 часот, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.(45).

А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е недозволиво и казниво според закон, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека според Законот за здравствена заштита, член 304-г, (1) тој кој ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност како службена дејност и давање на здравствени услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а (2) ако при извршувањето на делото од став (1), сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува здравствениот работник и/или здравствениот соработник или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

– Ако на здравствениот работник и/или здравствениот соработник му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна, наведуваат од Министерството и додаваат дека нема да дозволат физичко насилство врз медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи во болниците.

реклама

Хроника

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе