Mercedes-AMG GT C Edition 50 е првиот од низата одлични автомобили што AMG ќе ги промовира оваа година во чест на својот 50-ти роденден.
Тој е позициониран меѓу освежените и подобрени модели AMG GT S и AMG GT R, а со моделите GT C Roadster и Coupe го дели 4.0 литарскиот AMG битурбо V8 мотор кој во ова издание нуди 557 коњски сили.
Во однос на верзијата GT S, Mercedes-AMG GT C Edition 50 има поширок простор меѓу задните гуми, пошироки задни гуми и неколку каросериски детали кои се преземени од најсилната верзија GT R која има 585 коњски сили. Автомобилот поседува и адаптивна амортизација и управување преку задната оска.
GT C Edition 50 од 0-100 километри на час забрзува за 3,7 секунди, а ќе се нуди само во две бои на каросеријата - сива и бела. Дел од јубилејниот пакет се и посебните алуминиумски тркала и деталите во исклучително опремената патничка кабина во која доминираат темните тонови.
Цената се уште не е објавена, а првите примероци треба да се најдат во салоните на почетокот на летото.