Меркел не се откажува од политиката на отворени врати за мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не се откажува од политиката на отворени врати за мигрантите и покрај низата напади во последните десетина дена извршени од лица кои бараат азил.

Меркел ја брани политиката на отвореност кон имигрантите и својот слоган „„Ќе успееме“ со кој го одбележа отворањето на границите и примањето на околу 1,1 милиони баратели на азил само минатата 2015 година, и заклучи дека исламистичките напади не ја довеле во прашање нејзината решителност во давањето засолниште на оние на коишто заштитата им е потребна.

„Никогаш не реков дека ќе биде едноставно. Но јас и денеска, како и пред една година, сум убедена дека ќе ни појде од рака да ја исполниме историската задача. Тоа претставува голем предизвик во време на глобализацијата, и јас сум уверена дека ќе ни успее“, рече Меркел.

Таа ги осуди последните напади од кои два имаа исламистичка заднина, а во три од четири напади, сторителите се бегалци.

 „Исламистичките терористи се обидуваат да го оспорат начинот на кој ние живееме. Тие шират омраза меѓу верите и на тоа решително ќе се спротивставиме“, порача Меркел осврнувајќи се на терористичките напади во Европа во последниот период.

„Овие напади потресуваат и депримираат. Тука се кршат цивилизациски табуа. Нападите се случија на места на коишто можел да се најде секој од нас“, рече Меркел.

Германската канцеларка нагласи дека по нападите од последните денови треба да се преиспитаат мерките кои би требало да служат за безбедноста во земјата.

Меѓу мерките кои би требало да го зголемат нивото на безбедност во Германија, канцеларката го најави зголемувањето на бројот на вработените во безбедносни служби, формирање биро за информатичката безбедност со цел подобро да се следат информатичките комуникации, како и подобра соработка со странските разузнавачки служби. Натаму, се планира формирање специјална датотека во којашто ќе бидат чувани податоци за влегувањата и излегувањата од земјата.

Во врска со бегалците кои последните години влегле во Германија, Меркел најави мерка за олеснување на протерувањето на лицата за кои не постојат правни основи да останат во земјата, како и систем што би требало да овозможи откривање на радикализирањето на поединци во раната фаза.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе