Меркур уште е ретрограден: Што треба да одбегнува вашиот знак до 28 март?

Три до четири пати годишно планетата Меркур се движи наназад на небото и тоа трае околу три недели.

Овој феномен познат како ретрограден Меркур, а овојпат тоа трае од 5 до 28 март. Овој феномен ќе донесе многу шанси во вашиот живот, но и многу предизвици.

Погледајте на што особено треба да внимавате од 5 до 28 март согалсно вашиот хороскопски знак.

Овен

Иако обично сте отворени и сигурни, можеби ќе мора да го смените ова кај вас периодов. Вашето его може да ви наштети. Со цел да одбегнете потенцијални проблеми со блиски луѓе во вашиот живот, обидете се да ја разберете нивната страна, а не само да се трудите да покажете и докажете дека вие сте во право.

Бик

Иако често изгледате како поткрепа за другите луѓе во вашиот живот, овојпат вие ќе бидете под влијание на другите. Ќе сфатите дека постојаното помирување на пријателите знае да ви ја одземе целата енергија, за да се заштитите, мора да поставите некои здрави граници на вашата блискост.

Близнаци

Секогаш сте знаеле да победите секого со вашиот шарм. Додека Меркур е ретрограден, одеднаш ќе почнете да се интересирате за идејата за статус и престиж. Најважно е да запамтите дека пријателството е поважно од гламурот. Не дозволувајте да заборавите на вашите сакани.

Рак

Вашата способност да имате здрава интеракција со партнерот ќе се намали во овој период. Често ќе судите врз основа на стереотипи. Обидете се тоа да не го направите пребрзо и дајте си време да размислите за ситуацијата пред да надвладеат емоциите.

Лав

Секогаш сте уживале во својата креативна страна и тоа на многу начини. Овој период е идеален да ја изразите вашата креативност преку облеката. Меѓутоа, мора да запамтите: иако влијанието од другите култури е дел од човечката интеракција, внимавајте да не ја преминете границата.

Девица

Долго ја одржувате самоконтролата, но овој период ќе ви помогне да сфатите дека не можете да го контролирате изразот на лицето, а покрај него и вашите вистински емоции што ќе излезат на површина. Потрудете се другите да не ги забележат негативните емоции, можно е да бидете малку злобни во овој период.

Вага

Во овој период одбегнувајте носење одлуки во врска со поранешни или актуелни нарушени односи. Каков било обид за помирување нема да биде успешен. Нмаесто тоа, обидете се да сфатите што е добро, константно и позитивно во вашиот живот и престанете да се вртите назад.

Скорпија

Познати сте по тоа дека го кажувате она што го мислите кога тоа е потребно. Имате мала толеранција за грешки и се држите до вашите високи стандарди. Во овој период вашите стандарди ќе станат само повисоки. Можеби мислите дека добивате лоши услуги во ресторани или продавници, но не е така. Останете смирени и љубезни и чекајте да дојде 28 март.

Стрелец

Секогаш сте уживале во фокусот на јавноста и веројатно имате најдено начин како да ја искористите таа своја способност да стапите во контакт со сите што може некако да ви се најдат во животот. Оваа вештина многу ви се има најдено во животот, но во овој период не се потпирајте многу на неа. Ретроградниот Меркур може да ви ја отежне комункацијата со другите.

Јарец

Секогаш сте биле потпората за вашето семејство. Ќе сфатите дека поддршката што ја нудите може и да ве исцрпи. Не плашете се да кажете НЕ, за ваше добро.

Водолија

Ретроградниот Меркур ќе направ забуна во вашата комуникација. Може да доживеете некои непријатности, но и грешки што би можеле да имаат големо влијание во вашиот живот. Бидете внимателни со кого и за што комуницирате, два пати проверувајте пред да пратите порака. Добро е и воопшто да одбегнувате пишана комуникација за важни работи.

Риби

Ретроградниот Меркур може да влијае врз носење лоши одлуки поврзани со трошење и пари. Ако добивате нагони да купите нешто големо и скапо, размислете убаво и консултирајте се. Ако некои понуди ви се чинат премногу добри за да се вистинити, најверојатно не се вистинити.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе