Мијалков тврди дека нема да бега, Апелација одлучува за неговиот притвор

Скопје, 26 март 2019 (МИА) – Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков  на денешната јавна седница во Апелацискиот суд на која се одлучува по жалбата за неговиот притвор рече дека не помислува на бегство и оти како и досега ќе ги почитива мерките изречени од Судот.

„Она на што Обвинителството ги темели барањата за притвор, што е и изнесено на седница пред овој Суд и изречените мерки јас најревносно ги почитувам. Мојот имот и останатите предмети, наводните мои контакти беа присутни и тогаш и сега. Тогаш пред овој Суд дадов збор дека нема да помислам на бегство и јас го одржав и затоа денеска сум тука. Јас и понатаму стојам на тој збор со сиот мој интегритет. Јас и тогаш кажав дека верувам во овој суд и затоа сум тука“, изјави Мијалков денеска во скопска Апелација.

Апелација денеска одлучува по жалбата на одбраната на Мијалков за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2“.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи рече дека останува на писмениот поднесок против жалбата на Сашо Мијалков, со кој предлагаат жалбата да се одбие во целост како неоснована.

„Oдбраната тврди дека Судот погрешно и нецелосно ја образложил мерката. Морам да напоменам дека одбраната користи терминологија што новиот ЗКП не познава. Апсурдни се нападите на одбраната. Обвинителство нема потреба да докажува дека против обвинетиот Мијалков се вoдат други постапки за кои се одредени мерки, што е општо познато“, изјави Фетаи.

Посочи дека пред Апелацискиот суд веќе биле изнесени и прифатени како основани причините што обвинетиот има имот во Чешка и поради функцијата што ја извршувал и контакти за постоење на опасност од бегство. – Од овие причини предлагам жалбата да биде во целост одбиена, истакна Фатиме.

Според Законот за СЈО, како што посочи,  јасно е дека постои исклучива надлежност на СЈО по предмети кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите и тоа се однесува на сите судови на територија на нашата земја.

„Докажување на надлежноста на обвинителот во судството не постои. Постои само судир на надлежности. Без посериозен правнички напор може да се заклучи дека СЈО за сите предмети за кои постојат т.н. бомби има исклучива надлежност да постапува“, истакна Фатиме.

СJO бара отфрлање на жалбите за сите обвинети како неосновани.

Адвокатот Шврговски во образложението на жалбата наведе дека определената мерка притвор е сторена со суштествени повреди, како тоа за опасноста од бегство образложена со една реченица. Според одбраната тоа не е дозволиво.

„Во нашата судска пракса не се случило за вакво дело да биде определен притвор со образложение дека против обвинетиот се води друга постапка. Апсурдно е за таков предмет да се одреди притвор и да се направи преседан“, истакна Шврговски.

Според адвокатот Миле Петровски, основи врз кои е определен притвор не постојат.

„Судот знаеше дека обвинетиот беше спроведен од куќен притвор и според закон остануваше само еден основ што укажува на можно бегатво. Причина дека ќе се даде во бегство, бидејќи против него се водат и други постапки не може да биде. Во недостаток на докази за причини за опасност од бегство беше истакнат имотот и тоа што извршувал висока функција. Нема ниту една причина да се тврди дека постои опасност од бегство по изрекување на пресудата“, истакна Петровски.

Бранителот Петар Василев рече дека постои правен апсурд, така што неовластениот тужител не образложи зошто е неопходен притворот.

„Одбраната не е виновна што неовластениот обвинител поднел обвинение 25 дена по законскиот рок за поднесување на обвинителен акт“, изјави Василевски.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2“ Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе